• понеделник, 02 март 2026
МИА Најави - МКД

2 март 2026 

Скопје - Амбасадорот на Франција во земјава, Кристоф Ле Риголер, ќе го посети Собранието и ќе има средба со Бобан Карапејовски, координатор на пратеничката група на Движење ЗНАМ – За наша Македонија. (Собрание на РСМ, Струшка сала / 10:00

Скопје - Регионалната иницијатива против корупција (РАИ)  организира „Обука за претставници на Полицијата/Министерството за внатрешни работи во областа на Проценка на ризикот од корупција (ПРК) и Проверка на законодавството за спречување на корупција (ЗКП)“ на која воведни обраќања ќе имаат Адем Чучул, претседател на Државната комисија за спречување на корупција на Северна Македонија, Алберт Хани, директор на Регионалната антикорупциска иницијатива. ( во х. Александар Палас/9:00, регистрација на учесници од 8:30, по воведната сесија изјави за медиумите во 9:30 од претседателот на ДКСК Чучул и Хани, директорот на РАИ)

Скопје - Основното јавно обвинителство Куманово ќе одржи брифинг за новинари во врска со предметот за осомничен за убиства во Старо Нагоричане во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во Скопје. (во 12:00, по брифингот предвидена е кратка изјава за медиумите)

Скопје - Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги додели новинарските награди за 2025 година, на тема „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“. (Европска куќа / 12:30

Скопје - Финална рунда од натпреварите во дебата во рамки на Европското средношколско дебатно првенство што го организира Младинскиот образовен форум - МОФ. (Младински културен центар, кино „Фросина“ / од 14:00 до 15:30)

Скопје - Промоција на новиот роман на писателката Лидија Димковска, насловен „Тринаесеттиот“. (Европска куќа / 19:00

Скопје - Прес-конференција на тренерот на Ракометниот клуб Вардар, Иван Чупиќ, и еден од играчите на клубот пред натпреварот од 3. коло од Главната фаза на Лига Европа и мечот со Бенфика од Португалија, што ќе се одржи утре во Скопје. (Сала за прес-конференции во СЦ „Јане Сандански“ / 11:00

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан