• понеделник, 02 март 2026

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Вашингтон, 1 март 2026 (МИА) - Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.

„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.

„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.

Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан