Ирански медиуми: САД и Израел нападнаа болница во Техеран
- Иранските медиуми објавија дека болницата „Ганди“ во северен Техеран била цел на воздушни напади на САД и Израел.
Техеран, 1 март 2026 (МИА) - Иранските медиуми објавија дека болницата „Ганди“ во северен Техеран била цел на воздушни напади на САД и Израел.
„Болницата „Ганди“ во Техеран беше нападната од ционистичко-американски воздушни напади“, според медиумите.
Новинските агенции „Фарс“ и „Мизан“ објавија видео, наводно од внатрешноста на објектот, на кое се гледаат остатоци на подот меѓу празните инвалидски колички. мс/
фото: ЕПА