• понеделник, 02 март 2026

Ахмети: Целосна солидарност со Соединетите Американски Држави

Ахмети: Целосна солидарност со Соединетите Американски Држави

Скопје, 1 март 2026

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и за безбедноста, нашиот став е јасен и непоколеблив: целосна солидарност со Соединетите
Американски Држави и со секој напор за заштита на мирот, стабилноста и глобалната безбедност, стои во соопштението на ДУИ што МИА го пренесува интегрално.

Сојузот со САД не е само дипломатска ориентација. Тој е стратешка и вредносна определба. Наш избор е да бидеме на страната на демократијата,
на основните слободи, на владеењето на правото и на меѓународната одговорност. Нашата држава, а особено албанскиот народ, добро знае што
значи американска поддршка во клучните моменти од историјата, затоа и денес стоиме рамо до рамо со нашиот најголем стратешки партнер.

Нападите и дестабилизирачките акти на Иран што ја загрозуваат безбедноста на земјите од Заливот и ја нарушуваат кревката архитектура на мирот на Блискиот Исток, не му служат никому. Тие не му служат на развојот, не му служат на соживотот, ниту на легитимните аспирации на народите за просперитет. Секој режим што избира конфронтација наместо соработка и извоз на кризи наместо дијалог, се става себеси во спротивност со духот на нашето време.

Веруваме дека безбедноста во Персискиот Залив и на Блискиот Исток е глобален интерес. Слободата на движење, енергетската стабилност, борбата
против тероризмот и заштитата на меѓународниот поредок се заеднички одговорности. Во овој контекст, улогата на Соединетите Американски
Држави останува незаменлива како гарант на рамнотежата и фактор на стабилност.

Албанците недвосмислено го избраа западниот пат. Ние сме дел од сојузот на вредности, дел од евроатлантската заедница и активен придонесувач кон
колективниот мир и безбедност. Нашата поддршка за САД е поддршка за побезбеден, поправеден и послободен свет.

ДУИ

Остани поврзан