• четврток, 09 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се загрижени за спас од кривична одговорност на криминалците во нивните редови, ниедно стекнато право не е загрозено

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се загрижени за спас од кривична одговорност на криминалците во нивните редови, ниедно стекнато право не е загрозено

Скопје, 8 јануари 2024 

ДУИ се свесни дека со нив е завршено. Реториката на ДУИ е веќе видена и прочитана.

Нашите сограѓани Албанци не паѓаат на таквите реторики на ДУИ, затоа што знаат дека ДУИ, единствено за што се загрижени е да ги спаси од одговорност пред правосудните органи криминалците во нивните редови.

Тоа најдобро го отсликува случајот со нивниот, сега веќе поранешен, висок партиски и државен функционер во бегство, Артан Груби.

Македонските граѓани многу добро знаат дека додека ДУИ 22 години на власт овозможи привилегии и богатство на високите нејзини функционери и на нивните роднини и пријатели, обичните Македонци, Албанци, Турци, Роми егзистенцијата ја бараа по западно европските држави.

Реториката на ДУИ, со која се обидува да поттикне некаква политичка тензија и меѓуетничка нетрпеливост, нема да помине. Затоа што сите знаат, а најдобро албанските сограѓани, дека стекнатите колективни права во државата не се и никогаш не може да бидат загрозени.

Единствени кои се чувствуваат загрозени се поранешните државни функционери од редовите на ДУИ кои се огрешиле пред законот, затоа што знаат дека Македонија се трансформира и дека правна држава и одговорност за сите ќе има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан