ВЛЕН: Се залагаме за зголемување на квалитетот на образованието, како најважна алка во државниот систем
- ВЛЕН се залага за зголемување на квалитетот на образованието, бидејќи сметаме дека најважната алка во државниот систем е образованието, всушност, за нас тоа е главниот фактор за создавање нова и продуктивна перспектива.
Скопје, 17 јануари 2025
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
ВЛЕН се залага за зголемување на квалитетот на образованието, бидејќи сметаме дека најважната алка во државниот систем е образованието, всушност, за нас тоа е главниот фактор за создавање нова и продуктивна перспектива.
За 2025 година Владата одлучи да го зголеми буџетот за образование како никогаш досега. Значи, станува збор за буџет кој ќе достигне вредност од 38 милиард денари. Ова ја покажува сериозноста и
посветеноста на ВЛЕН на најделикатното поле на образованието кое беше во
тотална летаргија.
Со гордост, задоволство и целосна одговорност ја информираме пошироката јавност дека ВЛЕН го зголеми буџетот и за Универзитетот во Тетово каде за 2025 година се предвидени 18 милиони евра, додека буџетот на истиот универзитет за 2024 година изнесуваше 12 милиони евра. Значи, имаме
зголемување од 6 милиони евра за оваа година. Ова е промената од план во терен.
Нашата одговорност не завршува тука, бидејќи нашиот пристап не е ниту селективен, ниту половичен, со големо внимание се грижиме за нашите јавни универзитети бидејќи ја знаеме и историјата на нивното основање. Затоа, слично како и на тетовскиот универзитет, издвоивме многу пати
поголем буџет од претходните години. За Универзитетот „Мајка Тереза“ за 2025 година се издвоени и 4,8 милиони евра без да го спомнеме изградбата на кампусот.
Почитувани граѓани,
Министерството за образование и наука во 2025 година се подготви за зголемување на квалитетот на наставата, преку подобрување на образовната инфраструктура, реформирање на системот за финансирање преку грантови и обезбедување квалитет и ефективност во високото образование во
согласност со добрите европски практики.
Коалицијата ВЛЕН со голема одговорност се залага и за средното образование каде што предвидовме зголемување на буџетот во 2025 година на 29 милиони евра. Со зголемување на платите на наставниците и во основното и во средното образование. Нашата влада ќе продолжи да се
залага за реконструкција на основните училишта и изградба на спортски сали во основните училишта.
Исто така, во текот на оваа година сме решени да се ангажираме за подобрување на квалитетот на животот на студентите, преку подобрување на условите во студентските домови. Владата предвиде големо зголемување на буџетските средства планирани за Енергетската Рехабилитација на
студентските домови, каде што предвидениот буџет за наредната фискална година е шест милиони евра.
ВЛЕН се залага за добро владеење, подобар квалитет во образованието и подобри услови за нашите студенти. Затоа што тоа се национално богатство на оваа држава и затоа мораме да ги третираме како такви. ВЛЕН е иднината на Албанците во Северна Македонија. Студентите се сегашноста и иднината на земјата и регионот.
ВЛЕН
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.