Влен: Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и се солидаризираме со сите погодени од оваа катастрофа
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 16 март 2025
Со длабока болка и голема тага ја примивме веста за тешката трагедија што се случи во дискотеката во Кочани, каде што животот го загубија голем број на млади, а други беа повредени. Во овие моменти на жалост и болка, изразуваме најискрено сочувство до семејствата на жртвите и се солидаризираме со сите погодени од оваа катастрофа.
Во знак на почит кон изгубените животи и во знак на солидарност со настраданите семејства, Коалицијата ВЛЕН ги откажува сите активности планирани за денеска, вклучително и прес-конференцијата. Во овие тешки моменти стоиме покрај сите кои се соочуваат со последиците од оваа трагедија.
Коалиција Влен
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки