• понеделник, 23 декември 2024

Властите во пакистанската метропола Лахор воведоа „климатски локдаун“ поради смогот

Властите во пакистанската метропола Лахор воведоа „климатски локдаун“ поради смогот

Исламабад, 31 октомври 2024 (МИА) - Властите во вториот по големина град во Пакистан, Лахор, воведоа „климатски локдаун“, затворајќи цели населби поради згуснувањето на смогот во метрополата, јави ДПА.

Децата со белодробни заболувања и проблеми со дишењето се ослободени од училиште веќе три месеци, објави претставникот на провинцијата, Пенџаб Мариум Ауранџеб.

Локалните жители генерално се советуваат да носат маски за лице бидејќи квалитетот на воздухот се влошува на опасни нивоа.

Најмалку единаесет области на Лахор беа ставени под, како што го нарекоа властите „зелен карантин“ откако густата до црна магла го обви градот.

-Бројот на рикши, вообичаен начин на транспорт кај населението во Лахоре од повеќе од 10 милиони луѓе, веќе е ограничен во обид да се намалат штетните емисии, изјави шефот на локалната метеоролошка служба Раџа Јахангир.

Тој рече дека рестораните, местата за скара, се затворени, а возилата со оштетени мотори биле имобилизирани претходно оваа недела бидејќи загаденоста на воздухот достигна невидени нивоа, што го прави Лахоре најзагаден град во светот.

Премиерката на провинцијата Пенџаб, Мерјам Наваз, ја покани својата колешка од индиската држава Пенџаб да разговара за активностите за справување со смогот, климатска катастрофа за овие територии во двете земји секоја зима.

Пакистан е меѓу десетте земји најпогодени од климатските промени во светот и покрај напорите на земјата да ги намали штетните емисии, покажуваат податоците на ОН.

Климатските промени во Пакистан доведуваат до смртоносни поплави, ерозија на почвата, топлотни бранови и смог, кои ги зафаќаат населените области. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан