• недела, 21 јули 2024

Владата најостро ги демантира тенденциозните невистини за наводно отстапување од протоколот за изведување химни

Владата најостро ги демантира тенденциозните невистини за наводно отстапување од протоколот за изведување химни
Скопје, 18 јануари 2022 (МИА) - Владата најостро го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови, односно стихови од химната на Северна Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Бугарија, Кирил Петков. - Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали, се наведува во соопштението од Владата. Оттука, како што посочуваат од Владата, дезинформација е дека химната односно стихови од химната биле скратени од било кои причини специфично за оваа посета. - Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен, бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии. Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Северна Македонија, така и во светски рамки. Дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија може лесно да се утврди при прегледување на снимките на сите претходни пречеци на државници на највисоко ниво кои ја посетувале Република Северна Македонија достапни на Јутјуб каналот на Владата. Владата бара медиумите и порталите кои ги објавија неточните информации во целост да го објават овој демант и да ја повлечат изнесената дезинформација, се посочува во соопштението. Од Владата воедно доставуваат примери од други државни настани каде химната е изведена на идентичен начин како денес. дма/сп/

https://www.youtube.com/watch?v=qQgO7Y5zbxw https://www.youtube.com/watch?v=kFEgCCJ_YiY https://www.youtube.com/watch?v=eQysx03TRj4 https://www.youtube.com/watch?v=rkjII5cC6QU

Остани поврзан