• петок, 08 ноември 2024

Висок функционер на Хамас е убиен во израелски воздушен напад во јужен Либан

Висок функционер на Хамас е убиен во израелски воздушен напад во јужен Либан

Бејрут, 9 август 2024 (МИА) - Извор на Хамас и два други извори во либанските безбедносни сили изјавија дека висок член на палестинската милитантна група задолжена за безбедноста во палестинскиот бегалски камп Аин ал Хелуе е убиен денеска во израелски воздушен напад во јужен Либан, пренесе БТА.

-Израелски напад беше насочен кон висок функционер за безбедност на Хамас од кампот Аин ал-Хелуех додека тој беше во своето возило во градот Сидон, во близина на кампот, рече еден од изворите.

Либанските медиуми го идентификуваа убиениот маж како Самер ал Хаџ, кого го опишаа како командант на Хамас. Во нападот, кој го изврши израелско беспилотно летало, се повредени двајца цивили, се додава во соопштението. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан