Виртуелен Г20 Самит: Индискиот премиер Моди вели дека конфликтот меѓу Израел и Хамас не смее да прерасне во поширок конфликт
- Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ги повика лидерите на 20-те најголеми економии во светот (Г20) да направат се што е потребно за да осигураат дека конфликтот меѓу Израел и Хамас нема да прерасне во поширок конфликт бидејќи несигурноста и нестабилноста во Западна Азија се загрижувачки.

Њу Делхи, 22 ноември 2023 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ги повика лидерите на 20-те најголеми економии во светот (Г20) да направат се што е потребно за да осигураат дека конфликтот меѓу Израел и Хамас нема да прерасне во поширок конфликт бидејќи несигурноста и нестабилноста во Западна Азија се загрижувачки.
Тој говореше на отворањето на виртуелниот самит на земјите на Г-20, со кои Индија претседава пред Бразил да ја преземе должноста следниот месец.
Моди е домаќин на Самитот на кој се разгледува напредокот во предлозите за политиките и целите објавени на годишниот самит на Г20 организиран во Њу Делхи во септември, и да утврди како да се забрза напредокот кон целите. ссм/
фото: принтскрин