• понеделник, 23 декември 2024

Викендов ќе се одржат 32. Денови на кочанскиот ориз

Викендов ќе се одржат 32. Денови на кочанскиот ориз

Кочани, 28 септември 2023 (МИА) – Од 29 септември до 1 октомври Општина Кочани ќе биде домаќин и организатор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ со која официјално се означува почетокот на жетвата на главната земјоделска култура во регионот.

Манифестацијата ќе почне в петок попладне во Градскиот парк со музички настап на бендот Nomad, а во вечерните часови присутните ќе ги забавува театарската група Fireter со уличен театар и огнено шоу. Во рамки на програмата ќе биде крунисана жетварската убавица, а потоа настап ќе има кочанскиот бенд Malinov&Special Selection.

-В сабота попладне во центарот за култура „Бели Мугри“ ќе биде отворена изложба во чест на архитектот Александар Гицов, а на браната Гратче ќе се одржи промоција на природните убавини и туристичките вредности на општина Кочани. Во 17 часот ќе се одржи празничното дефиле, а еден час подоцна ќе настапат домашни и фолклорни групи од странство. За во 20 часот предвидена е забава со диџеј Огипсилион, истакна Ивана Карова од одборот за организација на манифестацијата.

Традиционалното зажнејување на оризот ќе одржи на 1 октомври во 10:30 часот на земјоделските површини во селото Мојанци, каде ќе биде доделена и наградата за најдобар оризопроизводител. Во соработка со Здружението на пензионери и фолклорните друштва од општината на истата локација ќе има и културно-уметничка програма. Истиот ден во Паркот на Револуцијата, во вечерниот термин ќе се одржи музичкиот концерт „Македонијо, во срце те носиме“.

Во рамки на одбележувањето на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“ предвидени се и промоции на неколку книги и стихозбирки со мотиви за оризот и оризопроизводството

Програмата ќе биде збогатена со празничен хепенинг што во текот на целката манифестација ќе се одфржува во градскиот парк во Кочани. та/дма/

 

Фото: Општина Кочани – плакат за манифестацијата

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан