• сабота, 16 ноември 2024

„Вечниот Бог" се пееше низ улиците на Делчево во рамки на Бадниковата поворка

„Вечниот Бог
Делчево, 6 јануари 2021 (МИА) - Со песната „Вечниот Бог" во рамки на Бадниковата поворка што денеска се одржа во Делчево најмалите им ги честитаа Божикните празници на граѓаните. Поворката започна од црквата !Успение на Пресвета Богородица", продолжи во центарот на градот, а потоа истата се движеше кон параклисот „Св.Климент Охридски" по што учесниците се вратија во делчевската црква. Сара Ангеловска учествува во поворката трета година по ред и за неа е задоволство на ваков начин да се одбележи Христовото раѓање Божик. - Со оваа поворка го најавуваме Христовото раѓање, сакам да им го честитам на граѓаните празникот Божик, рече Ангелова. Ова е прво учество да пее за Бадник и Божик на малиот Бојан од Делчево, кој исто тала не заборави да им ги честита празниците на граѓаните на Делчево. Граѓаните кои излегоа на улиците да ги поздрават учесниците им подарија пригодни подароци посакувајќи им успешна 2022 година. вс/цр

Остани поврзан