• сабота, 23 ноември 2024

Ветерници, хотел за миленици, катче за литература и дружење, доделени награди за најдобри бизнис планови од средношколци во Кавадарци

Ветерници, хотел за миленици, катче за литература и дружење, доделени награди за најдобри бизнис планови од средношколци во Кавадарци

Кавадарци, 6 јуни 2024 (МИА) - Ветерници, хотел за миленици, катче за литература и дружење, денеска беа доделени награди за најдобри бизнис планови изработени од средношколци во Кавадарци. Изборот беше направен согласно на јавниот повик што го организираше кавадаречката локална самоуправа и општинската комисија за еднакви можности. 

- Ова е настан кој ги слави трудот, креативноста и иновативноста на младите умови кои се иднината на нашето општество. Оваа скромна награда е само признание за достигнувањата и поттик за понатамошен развој и успех. Секој што учествуваше, покажа дека има потенцијал да стане успешен претприемач, подвлече Марија Камчева, координаторката за родова еднаквост при кавадаречката локална самоуправа.

Првонаграден е бизнис планот на  учениците Надица Гелова и Димитар Димитров со наслов,, aerO2" од СОУ,, Ќиро Спанџов Брко", со ментор Димитрија Ангелков. Второнаграден е бизнис планот на Марјан Атанасов со бизнис план хотел за миленици,, Pet Palas" од ЗШУЦ ''Ѓорче Петров", менториран од Горан Зимоски. Третонаграден е бизнис планот на Благица Чадамова со наслов ТД Илустративно сликовница ДОО од СОУ гимназијата,, Добри Даскалов"под менторство на Лоска Давчева. 

Трите најдобри бизнис планови ќе добијат парични награди, за прва награда 12,  за втората 9 и за третата, 6 илјади денари, како и дополнителна менторска поддршка од Агенцијата за вработување. Бизнис плановите ги оценуваше стручна комисија.

Проектот со прва награда, предвидува урбана вертикална ветерница што го прочистува воздухот, а исто така произведува електрична енергија.

Пред присутните се обратија и членовите на комисијата, Веса Богева, Валентина Бањанска, Александар Мукаетов, како и градоначалникот Митко Јанчев. свд/сст/


Фото : МИА 

Остани поврзан