• сабота, 24 август 2024

Вест Хем потпиша 7-годишен договор со Ван-Бисака

Вест Хем потпиша 7-годишен договор со Ван-Бисака

Лондон, 13 август 2024 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Манчестер јунајтед, Арон Ван-Бисака се пресели во Вест Хем, објави прес-службата на „чеканите“.

Дваесет и шестгодишниот Англичанец потпиша 7-годишен договор. 

Порталот Трансфермаркт ја процени зделката на 17,6 милиони евра.

Ван-Бисака игра за Манчестер јунајтед од јули 2019 година. Во сезоната 2023/24, дефанзивецот направи три асистенции на 30 натпревари за тимот во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан