• среда, 27 ноември 2024

Вестбрук: Пред карантинот на Вашингтон играв со една нога

Вестбрук: Пред карантинот на Вашингтон играв со една нога
Вашингтон, 1 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Вашингтон визардс, Расел Вестбрук изјави дека неговата неодамнешна повреда на бутниот мускул има значително влијание врз неговиот настап во почетокот на сезоната. Вестбрук започна да закрепнува непосредно пред Вашингтон да се стави во карантин, поради епидемијата на коронавирус. - Пред да оди Вашингтон во карантин, играв со една нога и давав колку што можев во таква ситуација. На мечот со Нетс се чувствував здраво. Нозете ги чувствував подобро, рече Вестбрук. Против Бруклин (149:146) Вестбрук постигна 41 поен, 10 скока и 8 асистенции и му фалеа само две успешни додавања за да направи трипл-дабл. зс/

Остани поврзан