• недела, 25 август 2024

Верстапен: На ​​Ред Бул му недостасуваше темпо во текот на квалификациите

Верстапен: На ​​Ред Бул му недостасуваше темпо во текот на квалификациите

Зандворт, 25 август 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, даде коментар за своето второ место во квалификациите на неговата домашна трка за Големата награда на Холандија.

- Ќе се обидеме да победиме, но кога ќе заостанувате повеќе од три десеттинки во квалификациите, мислам дека треба да бидете реални. Само ќе се обидам да имам добра трка. Во текот на квалификациите ни недостасуваше темпо. Се обидов да направам сè што можам. И мило ми е што сум во првиот ред на стартот, изјави Верстапен за „Sky Sports“.

Возачот на Мекларен Ландо Нарис гќе тргне од пол-позицијата.

Трката за Големата награда на Холандија од Формула 1 шампионатот ќе се вози денес од 15 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан