Гвардиола: Најневеројатниот напаѓач што сум го видел е Меси
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не мисли дека Ерлин Халанд е најкомплетниот центарфор.

Манчестер, 25 август 2024 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не мисли дека Ерлин Халанд е најкомплетниот центарфор.
- Дали Халанд е најкомплетниот центарфор што некогаш сме го виделе? Најневеројатниот напаѓач што сум го видел е Меси, изјави Гвардиола за „beIN SPORTS“.
Халанд претходно се пошегува дека на Манчестер сити не му е потребен.
Дваесет и четиригодишниот Норвежанец игра за „Граѓаните“ од 2022 година. Тој забележа 101 настап во сите натпреварувања, постигнувајќи 94 гола и 14 асистенции. зс/
Фото: ЕПА