• вторник, 24 декември 2024

Верстапен за првиот ден од тестирањето: Генерално, мило ми е што се вратив зад воланот на Формула 1 болид

Верстапен за првиот ден од тестирањето: Генерално, мило ми е што се вратив зад воланот на Формула 1 болид

Манама, 22 февруари 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сумираше резултатите од вчерашниот ден од претсезонските тестирања.

Холанѓанецот, кој е актуелен светски шампион во Формула 1 покажа најдобро време на првиот ден од тестирањето во Бахреин и исто така извози повеќе од сто круга.

- Одлично е да се вратиш во болидот. И ние имавме добар ден, мислам. Можевме да направиме многу кругови и можевме да пробаме многу различни работи со болидот. Значи генерално сме многу задоволни. Мило ми е што се вратив зад воланот на Формула 1 болид. А во првите неколку круга дури сте изненадени од тоа колку навистина е брз автомобилот во споредба со сè друго. Сепак, ова се само тестови. Мислам дека овој болид може да биде конкурентен, но од нас зависи дали ќе го искористиме максималниот потенцијал од него. Со нетрпение го очекувам почетокот на сезоната, изјави Верстапен.

Новата сезона во светскиот шампионат во Формула 1 ќе биде отворена на 2 март со трката за Големата награда на Бахреин. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан