• четврток, 07 ноември 2024

Венгу: Албанија, јазол на регионална безбедносна и одбранбена соработка

Венгу: Албанија, јазол на регионална безбедносна и одбранбена соработка

 
Тирана, 6 ноември 2024 (МИА) - Во Тирана се одржува состанок на министрите за одбрана на Југоисточна Европа, СЕДМ,  на кој присуствуваат високи претставници за безбедност и одбрана од регионот и светот.
Домаќинот, албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу оценил дека  оваа иницијатива останува важна во контекст на регионалната соработка, добрососедството, зголемувањето на одбранбените капацитети и интеграцијата во евроатлантските структури.

-Албанија оваа година стана јазол на регионална соработка, безбедност и одбрана, како претседавач и домаќин на неколку важни формати. Посветеноста и ангажирањето на Албанија за поддршка на агендата на НАТО и ЕУ остануваат неспорни, особено за зголемување на националната стабилност, зајакнување на колективната одбрана и ограничување на амбициите на трети актери, додал Венгу, објави АТА.

Нагласил дека денеска албански девојки и момчиња од вооружените сили се лоцирани во Република Косово, во Босна, во Латвија, Бугарија, Ирак, во Егејското Море, Јужен Судан и Синај, но „нашата земја да стави на располагање значајни објекти, како што е базата за заедничка безбедност на аеродромот Кучово, да продолжи со Коридорот 8 за воена мобилност со целата патна, железничка и поморска инфраструктура, како и новото воено пристаниште Порто Романо“.
-Улогата на Албанија како важен безбедносен актер и фактор на стабилност во регионот продолжува и во текот на оваа година кога ќе бидеме домаќини на Министерскиот состанок на Јадранската повелба А-5 на почетокот на декември во Тирана, посочил министерот Венгу.

На состанокот, учествуваат претставници на земјите-членки на СЕДМ, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Италија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Турција, Словенија, Србија, Украина, Молдавија, Грузија и САД. Учествуваат и претставници од организации како Центарот за безбедносна соработка (RACVIAC) и UNDP/SEESAC.
Состанокот на министри за одбрана на СЕДМ е највисокиот и најважниот дел од СЕДМ процесот и се реализира годишно во една од земјите членки на ротациона основа.
Ова е ефикасен механизам за зајакнување на регионалната стабилност и еден од најстарите и најважните форуми за регионална безбедност и одбранбена соработка. вт/

Фото: МО Албанија 

Остани поврзан