• понеделник, 23 декември 2024

Вембанјама со 5×5 ефект во триумфот на Сан Антонио

Вембанјама со 5×5 ефект во триумфот на Сан Антонио


Њујорк, 1 ноември 2024 (МИА) – Кошаркарите на Сан Антонио триумфираа синоќа на гостински терен над Јута со 106-88 во НБА лигата, предводени од извонредниот Виктор Вембанјама, кој натпреварот го заврши со редок 5×5 ефект.
Францускиот кошаркар постигна 25 поени и додаде девет скокови, седум асистенции, пет украдени топки и пет блокади.
Со тоа Вембанјама стана само третиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој повеќе од еднаш запишал зад своето име 5×5 ефект, зад легендарните Хаким Олајџувон и Андреј Кириленко.
Вембанјама втор пат во кариерата заврши еден натпревар со најмалку пет поени и исто толку асистенции, блокади, украдени топки и скокови.
Рекордер во оваа статистика е Олајџувон кому тоа му успеа шест пати. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан