• понеделник, 23 декември 2024

Велковски: МТСП ќе ги прошири просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет

Велковски: МТСП ќе ги прошири просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет

Кочани, 8 април 2024 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе преземе мерки за проширување на просторните услови во градинките за да се зголеми нивниот капацитет и да се намали бројот на деца кои чекаат на листите за прием, истакна министерот Ѓоко Велковски, при денешната посета на општините Кочани и Зрновци.

-Сместувањето на дечињата во градинките е проблем во целата држава и ги има на листите на чекање во сите општини. Поради тоа, освен обезбедувањето просторни услови, неопходно е да се вработи и дополнителен кадар и по завршувањето на изборите тоа ќе биде спроведено.

Министерот Велковски се сретна со претставници на пензионерите кои подолг период протестираат со барање за линеарно зголемување од пет илјади денари на пензиите. Притоа нагласи дека тие сами треба да проценат дали добиените 5,3 отсто се вистинско зголемување или ќе треба се исполнат нивните барања, кои се реалност. та/сст/

Остани поврзан