• понеделник, 23 декември 2024

Велика Британија ќе го зајакне својот режим на санкции против Русија

Велика Британија ќе го зајакне својот режим на санкции против Русија
Лондон, 31 јануари 2022 (МИА) - Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас денеска најави усвојување нови закони за зајакнување на британскиот режим на санкции, кои можат да се применат во случај на руски напад врз Украина. Таа во обраќањето во Долниот дом на Парламентот истакна дека ќе поднесе предлог-закон, кој значително ќе ја зајакне британската позиција против агресивните дејствија на Русија кон Украина. Според неа, тие санкции би можеле да опфатат повеќе поединци и компании во зависност од нивната важност за Кремљ. - Ќе можеме да ги таргетираме сите компании поврзани со руската држава, кои имаат значајни економски активности за руската држава или работат во стратешки важен сектор, изјави Трас, додавајќи дека ќе може да бидат погодени не само тие компании, туку исто така и оние кои ги поседуваат или имаат контрола врз нив. Во моментов, Владата може да воведе санкции само за оние кои се директно поврзани со руските активности во Украина. Новите овластувања ќе и овозможат на Владата да таргетира многу поголем број поединци и деловни луѓе. Според министерката, тоа ќе биде најстрогиот режим на санкции што некогаш бил воспоставен против Русија и најголемата промена во пристапот на Британија откако ја напушти ЕУ. Форин Офисот наведе дека новите мерки ќе и овозможат на Британија да дејствува заедно со САД и другите сојузници за замрзнување на имотот и забрана за патување. - Ќе се погрижиме оние кои ја делат одговорноста за агресивните и дестабилизирачки акции на Кремљ да ја споделат тешката цена на тоа, нагласи Трас. гт/

Остани поврзан