• сабота, 14 февруари 2026

Велешките пожарникари лани имале помалку интервенции од претходната година, а изгорело и помалку шума 

Велешките пожарникари лани имале помалку интервенции од претходната година, а изгорело и помалку шума 

Велес, 12 февруари 2026 (МИА) - Во текот на 2025 година, Територијалната противпожарна единица Велес реализирала вкупно 255 интервенции на територијата на Општина Велес, Општина Чашка и Општина Градско, што е помалку од ланската година година кога биле 287. Во ланските пожари немало жртви, информираа денеска од ТППЕ Велес во годишниот извештај за пожарите во 2025 година.

Во извештајот се посочува дека во 2025 година во трите општини изгореле 200 хектари трева трева, нискостеблеста вегетација, како и деградирана и квалитетна шума, а што е помалку за 540 хектари споредено со 2024 кога изгореле 740 хектари. Лани велешките пожарникари дури 13 пати интервенирале во гаснење на градската комунална депонија, а имале вкупно 39 пожари на објекти и 84 пожари на отворен простор што исто така е помалку од претходната година кога имале 118 интервенции на отворен простор. Тие лани имале 29 интервенции на пожари на контејнери 14 пожари на патнички моторни возила, 7 пожари на оџаци, 41 техничка интервенција, една интервенција за извлекување давеник, како и 4 интервенции за помош во други општини.

Во Општина Чашка, пожарникарите имале 20 интервенции, од кои 15 пожари на отворен простор, 3 пожари на објекти, една техничка интервенција, една интервенција за запалена бандера.

Во Општина Градско имале 18 интервенции, од кои 8 пожари на отворен простор, 5 технички интервенции, 3 пожари на возила, 2 интервенции за вадење давеник.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да се внимава при користење оган на отворено, фрлање отпушоци и согорување отпад, со цел заштита на животите, имотот и природата.

Во случај на пожар, граѓаните веднаш да пријавуваат на бесплатните телефонски броеви 112 или 193. ад/фф/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан