• сабота, 14 февруари 2026

Закроено лозјето во валандовско Собри, лозарите очекуваат добар род

Закроено лозјето во валандовско Собри, лозарите очекуваат добар род

Валандово, 13 февруари 2026 (МИА) - Во пресрет на заштитникот на лозарите Св. Трифун, жителите на валандовското село Собри заедно со парохискиот свештеник од Дојранската парохија и свештеници од Струмичката епархија се помолија да имаат добар род и оваа година.

Преку извршувањето на чин на водосвет со закројување на лозје, присутните жители на селото, меѓу кои и локалните лозари, добија благослов и во претстојната година нивите со гроздови насади да дадат богат принос.

- Во просек овде жителите имаат по околу десет декари лозје од семејство. Повеќето од нас се занимаваат со лозарство. Причина за тоа е што климата ни одговара и ни дава и квалитет и квантитет во родот. Валандовскиот дренак, на пример, е автохтон вид на трпезно гројзе, за чие одгледување токму тука се наоѓаат најдобрите услови. Годишно вадиме околу три тони грозје од декар, вели Панде Танчев, жител на Собри.

Со бројните лозја, долж целиот пат до селото, ова место важи за богато одгледувалиште на лозови насади, растени со генерации наназад. рш/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан