• среда, 25 декември 2024

Велешките кошаркари од КК „Борец Баскет“ во недела со хуманитарен натпревар

Велешките кошаркари од КК „Борец Баскет“ во недела со хуманитарен натпревар

Велес, 23 февруаи 2024 (МИА) - Кошаркарскиот Клуб „Борец Баскет“ од Велес се вклучува во акцијата за собирање средства за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов. Сите средства од продадени влезници од 100 денари од натпреварот против екипата на „МЗТ УБ“ од Скопје  во недела во 17 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, како и дополнителните собрани донации ќе бидат уплатени на семејството на Лео.

 -Ви најавуваме дека средствата од продадените билети од неделниот натпревар против екипата на МЗТ Скопје УБ ќе бидат донирани во фондот за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов, информираат од КК„Борец Баскет“ од Велес.

Тие  ги повикуваат сите љубители на спортот да дојдан во недела на натпреварот и  да покажат  дека Велес секогаш бил  и е хуман град. Воедно и да ги поддржат да стигнат и до нова победа во Втора Лига!

Телефони за донации се ТМ : 143-118, А1 : 143-500

ад/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан