• вторник, 16 декември 2025

Велешанец физички ја нападнал својата мајка, по што и се заканувал со остар предмет

Велешанец физички ја нападнал својата мајка, по што и се заканувал со остар предмет

Велес,15 декември 2025 (МИА) - Четириесет и едногодишен велешанец бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Велес, а по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 58 годишна мајка, а  по што и се заканувал со остар предмет.

Како што соопштија денеска од СВР Велес, тој бил  задржан во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.ад/

Фото: МИА архива

Остани поврзан