• сабота, 23 ноември 2024

Вевчани повторно во групата 100 најуспешни зелени дестинации во светот

Вевчани повторно во групата 100 најуспешни зелени дестинации во светот

Вевчани, 18 октомври 2024 (МИА) - Општина Вевчани повторно се пласира во групата на 100 најуспешни дестинации во светот во конкуренција од над 200 апликанти, кои развиваат и практикуваат одржлив туризам на повисоко ниво.

Годинава, како што појасни градоначалникот Спасе Кочовски, се разгледувале 15 критериуми, а во следната фаза ќе бидат земени во предвид уште 15 нови, за искачување на повисоко ниво.

- Процесот продолжува додека конечно не добиеме сертификат, односно да станеме зелена дестинација во светот, истакна Кочовски.

Во оваа фаза, појасни, Општината покажала дека се грижи за природата, има соработка со локалната заедница, бизнисот, невладиниот сектор, ја зачувува културата и традицијата, се грижи за здравјето и безбедсноста на населението, управува со отпадот, го промовира туризмот и воведува одржливи пракитики.

- Ваквите признанија се плод на посветената работа на Општината, соработката со угостителите во Вевчани, како и со сите граѓански организации и локални жители, кои со своето дејствување допринесуваат кон поубаво Вевчани, со што општината е една од најпосакуваните дестинации во Македонија, нагласи Кочовски.

Во наредниот период, додаде, треба да исполнат критериуми за соработка со локалните производители за производство на здрава храна и нејзино послужување во рестораните, користење зелена енергија од фотоволтаици, изградба на енергетски ефикасни објекти...

- Ствањето на светската мапа за зелени дестинации ќе значи поголема промоција на Вевчани во светски рамки, ќе има економси бенефит за населението, отворање повеќе работни места во угостителството и сместувачките кпацитети. Тоа ќе биде дополнителна обврска за населението да се грижи за животната средина и да не ја загадува околината, воздухот и водата, рече градоначалникот.

Во изборот за 2024 година, Општината аплицираше со проектот „Вевчани зелено – Патување низ природата“, додека во првата фаза пред две години со проектот за развој на одржлив туризам „Vevcani Green”. сс/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан