• сабота, 22 февруари 2025

Вашингтон го осуди нападот врз конвојот на УНИФИЛ во Либан

Вашингтон го осуди нападот врз конвојот на УНИФИЛ во Либан

Вашингтон, 15 февруари (МИА) - Американскиот Стејт департмент го осуди нападот врз конвојот на мировните сили во Либан (УНИФИЛ), „наводно извршен од група поддржувачи на Хезболах“.

„Како резултат на овој напад, неодреден број мировници на ОН беа повредени. Ја поздравуваме брзата и навремена реакција на либанските вооружени сили за да се спречи понатамошно насилство, како и посветеноста на либанската влада да ги преземе сите неопходни мерки за да ги повика на одговорност одговорните за нивните постапки. Посакуваме брзо закрепнување на сите повредени“, соопшти американскиот Стејт департмент.

Претходно беше соопштено дека е извршен напад врз конвој на силите на УНИФИЛ. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан