Васко Дрвошанов го фати го фати светиот крст во Струмица
- Васко Дрвошанов денеска го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Во водата скокнаа дваесетина граѓани, а најбрз беше Дрвошанов.

Срумица, 19 јануари 2025 (МИА) - Васко Дрвошанов денеска го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Во водата скокнаа дваесетина граѓани, а најбрз беше Дрвошанов.
-Посакувам здравје и среќа на сите. Досега повеќе сум скокал по крстот во селото Куклиш, а во Струмица втор пат и успеав да го фатам денеска, рече Дрвошанов.
Тој од Општина Струмица доби Плакета-православен крст и подароци од спонзорите.
Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите општини и населени места во Југоисточниот регион
Инаку, во Радовиш крстот го фати Миле Аврамов, во Дојран Мите Пејков, а во Валандово Петар Занов. рт/дма/
Фото: МИА