• среда, 01 јануари 2025

Вардар ќе одигра пет натпревари на подготовките во Анталија

Вардар ќе одигра пет натпревари на подготовките во Анталија


Скопје, 30 декември 2024 (МИА) – Македонскиот фудбалски прволигаш Вардар ќе ги почне подготовките за вториот дел од сезоната на 18 јануари во Анталија.
Како што е соопштено денеска, фудбалерите на Вардар за време на тринеделните подготовки во Турција ќе одиграат пет пријателски натпревари.
Првиот е закажан за 22 јануари против казахстански Актобе, по што ќе уследат дуелите против Иверија (Грузија), Верес (Украина), Чаквар (Унгарија) и завршниот против австриски Рапид на 5 февруари.
„Црвено-црните во Анталија ќе го одработат главниот дел од подготовките, а покрај самиот процес на тренинзи, екипата ќе одигра и низа на пријателски натпревари, кои секако дека ќе придонесат кон подобро воигрување на тимот, пред почетокот на втората полусезона од ПМФЛ“, се наведува во клупското соопштение. ег
ФОТО: ФК Вардар/Фејсбук

 

Остани поврзан