• среда, 25 декември 2024

Вакцината на Кјурвак е ефикасна 48 проценти

Вакцината на Кјурвак е ефикасна 48 проценти
Берлин, 1 јули 2021 (МИА) - Германската компанија Кјуревак објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 е 48 проценти ефикасна во финалната анализа на клиничкото испитување, што е само за еден отсто повеќе од прелиминарните резултати пред две недели. Додека ефективноста во спречувањето на симптоматска болест е 53 проценти, кога ќе се исклучат учесниците во студијата постари од 60 години односно возрасната група најтешко погодена од пандемијата. Кај лицата под 60 година ефективноста е 77 проценти, ако се земаат предвид само умерени до тешки симптоми и се исклучуваат лесни форми на болеста. Во истражувањето учествуваа околу 40.000 волонтери во Европа и Јужна Америка. ми/

Остани поврзан