• петок, 23 август 2024

Буш: Повлекувањето на војската од Авганистан е грешка

Буш: Повлекувањето на војската од Авганистан е грешка

Вашингтон, 14 јули 2021 (МИА) - Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш го критикуваше повлекувањето на САД и НАТО од Авганистан, нагласувајќи дека цивилите се оставени да бидат „немилосрдно убиени“ од талибанците.

- Авганистанските жени и девојчиња неописливо ќе страдаат. Ова е грешка ... Тие едноставно ќе бидат напуштени да бидат немилосрдно убиени од овие многу брутални луѓе и тоа ми го крши срцето, изјави Буш за германската телевизија Дојче веле.

Тој додаде дека верува оти германската канцеларка Ангела Меркел „се чувствува исто“.

Силите на САД и НАТО почнаа да се повлекуваат од Авганистан на почетокот на мај и тие мора да бидат целосно повлечени до 11 септември, околу 20 години по распоредувањњето во таа држава. Повеќето од 2.500 американски и 7.500 војници на НАТО веќе заминаа од Авганистан. ми/

Остани поврзан