Бундеслигата ќе биде обновена на 16 мај
- Натпреварите во Бундеслигата ќе продолжат на 16 мај, изјави Кристијан Фолк, шеф на фудбалската редакција на „Билд“.

Берлин, 7 мај 2020 (МИА) - Натпреварите во Бундеслигата ќе продолжат на 16 мај, изјави Кристијан Фолк, шеф на фудбалската редакција на „Билд“.
- Најновото решение е: нема да има натпревари во петок (15 мај). Бундеслигата започнува в сабота, 16 мај, напиша Фалк на Твитер.
Информациите подоцна ги потврди извршниот директор на Бундеслигата, Кристијан Сејферт, на прес-конференција.
Еден од првите натпревари на 16 мај ќе биде средбата на Дортмунд Борусија и Шалке.
Претходно, продолжувањето на сезоната во Германија беше официјално одобрено од властите. зс/