• среда, 25 декември 2024

Бугарскиот претседател свика нови консултации за претседател на ЦИК

Бугарскиот претседател свика нови консултации за претседател на ЦИК

Софија, 6 мај 2021 (МИА) - Бугарскиот претседател Румен Радев за утре свика дополнителни консултации со парламентарните партии и коалициите за номинирање претседател на ЦИК, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Румен Радев утре во девет часот во зградата на Претседателството ќе одржи средба со кандидатите за членови и раководство на ЦИК, предложени од парламентарните партии и коалиции.

Денеска премиерот во оставка и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов ја повлече кандидатурата на Красимир Ципов за претседател на ЦИК, која беше единствена. Неговата кандидатура нема поддршка од другите политичари, а и Ципов и предложи на ГЕРБ да ја преиспита својата номинација за претседател на ЦИК. нк/

Остани поврзан