• сабота, 23 ноември 2024

Бродот „Евер Гивен“ плови кон Ротердам

Бродот „Евер Гивен“ плови кон Ротердам
Каиро, 13јули 2021 (МИА) - Контејнерскиот брод „Евер Гивен“, што во март го блокираше Суецки Канал, утрово исплови од египетските води по извршената инспекцијата во пристаништето Порт Саид. Еден од најголемите бродови со контејнери во светот продолжува да плови кон Ротердам, 112 дена откако шест дена беше заглавен во Суецки Канал и ја прекина глобалната трговија. Бродот ја напушти локацијата каде што беше закотвен повеќе од три месеци на 7 јули откако сопственикот и осигурителната компанија постигнаа договор за компензација со властите на каналот. Раководството на Суецкиот канал бараше повеќе од 900 милиони долари за компензација за спасувачката операција и другите загуби, а износот подоцна беше намален на 550 милиони долари. ми/

Остани поврзан