• четврток, 26 декември 2024

Брнабиќ: Вакво газење на достоинството на Собранието немало од 5 октомври 2000 година

Брнабиќ: Вакво газење на достоинството на Собранието немало од 5 октомври 2000 година

Белград, 25 номври 2024 (МИА) - Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, во врска со денешните настани во Собранието, каде дојде до физичка пресметка на пратениците од владаечката коалиција со опозицијата и прекин на работата на парламентот, рече дека вакво газење на достоинството на парламентот немало освен на  5 октомври 2000 година, јави дописникот на МИА од Белград.

-Морам да констатирам дека вакво газење по достоинството не е забележано во историјата на овој дом освен на 5 октомври кога го запалија, рече Брнабиќ на прес-конференција во салата на Собранието, додека претставниците на опозицијата го прекинуваа нејзиниот говор со свирежи.

За употребата на свирежите од опозицијата, Брнабиќ рече дека вака изгледа слободата на говор во нивното толкување.

-Вака би изгледала Србија и ги прашувам граѓаните кои го сакаат ова, дали има луѓе во Србија кои сакаат вакво нешто, рече таа.

Таа изјави дека некои луѓе во Приштина го посакуваат таквото однесување, вклучително и „привремените институции на премиерот на Приштина“, Албин Курти.

-Курти со нетрпение го очекува ова, Слободна Босна ќе ги слави, како и хрватските медиуми, некои други луѓе, некои други земји кои не сакаат мирна, стабилна и просперитетна Србија, нагласи Брнабиќ.

И покрај прекинот, претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, потоа ја продолжи седницата на која беа разгледани сите точки од дневниот ред. Бидејќи никој не излезе да зборува Брнабиќ ја заврши расправата за предлог-законот за буџетот и другите точки од денешниот дневен ред. об/

Остани поврзан