• сабота, 23 ноември 2024

Бране Паласков нов началник на СВР Велес 

Бране Паласков нов началник на СВР Велес 

Кавадарци, 3 јули 2024 (МИА) - Бране Паласков е нов началник на СВР Велес, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Тој на оваа позиција е назначен со решение на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

- Паласков ја вршеше функцијата началник на СВР Велес и за време на техничката влада пред последните избори. Тој ќе раководи со целото подрачје на СВР Велес. Тука спаѓаат општините Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Градско и Чашка, соопштија од Секторот. 

Оттаму појаснија дека Паласков е дипломиран економист и во својата 10-годишна кариера како полициски службеник има работено на неколку позиции во СВР Велес. Како помлад инспектор во отсек за општ криминал, виш инспектор во отсек на општ криминал, виш инспектор во надворешна канцеларија за криминaлистички работи во Свети Николе, како и виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес. 

- Новиот началник на СВР Велес, е оженет и татко на три малолетни деца, споделија од Секторот за внатрешни работи Велес. свс/дма/ 


Фото : СВР Велес 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан