• вторник, 19 ноември 2024

Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата

Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата

Бразилија, 17 септември 2024 (МИА) - Еден од кандидатите за градоначалник на Сао Паоло, Бразил нападнал друг со столче за време на дебата. Хозе Луиз Датена и Пабло Марсало се расправаа, а потоа Датена замавна со стол кон својот противник.

Сè беше пренесувано во живо од ТВ Култура. Подоцна, Датена изјави за ТВ Култура дека го нападнал Маршал затоа што изнел стари наводи за сексуално вознемирување против него, кои биле отфрлени пред неколку години.

<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="es" dir="ltr">🇧🇷Durante un debate a la alcaldía de Sao Paulo televisado en TV Cultura el día de ayer en la noche, José Luiz Datena, candidato por el PSDB , agredió físicamente con una silla a Pablo Marçal, candidato por el PRTB <a href="https://t.co/hhdj6paIgF">pic.twitter.com/hhdj6paIgF</a></p>&mdash; El geoexpositor (@Elgeoexpositor) <a href="https://twitter.com/Elgeoexpositor/status/1835692747367289169?ref_src=twsrc%5Etfw">September 16, 2024</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>

-Дојде со предмет кој беше архивиран, кој полицијата не го ни истражуваше бидејќи немаше докази. Нешто од пред 11 години што предизвика многу сериозна ситуација во моето семејство, изјави Датена.

Иако беше исфрлен од дебатата, тој во вчерашната изјава инсистираше дека не се кае за своите постапки, пишува Си-Ен-Ен.

Маршал беше примен во болницата Сирио Либанес. Неговиот тим соопшти дека тој бил примен во болница со можна фрактура во пределот на градниот кош и дека има потешкотии со дишењето. Од болницата велат дека се здобил со повреди на градниот кош и зглобот, но дека нема поголеми компликации. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан