• понеделник, 23 декември 2024

Бразилскиот претседател не ја исклучува можноста да го уапси Путин доколку допатува на Самитот Г20 во Рио де Жанеиро

Бразилскиот претседател не ја исклучува можноста да го уапси Путин доколку допатува на Самитот Г20 во Рио де Жанеиро

Берлин, 4 декември 2023 (МИА) - Бразилскиот претседател денеска изјави дека не може да му даде никакви лични гаранции на рускиот претседател Владимир Путин дека нема да биде уапсен доколку на крајот на следната година учествува на Самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро, јави ДПА.

- Дали Путин ќе биде уапсен во Бразил поради налогот издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за наводни воени злосторства во Украина не е во надлежност на бразилскиот претседател, изјави Луис Инасио Лула да Силва за време на посетата на Берлин. - Дали ќе биде уапсен кога ќе пристигне? Можеби, можеби не. За тоа ќе одлучи судството, рече Лула за време на германско-бразилските владини консултации.

Путин речиси и не ја напушти Русија од почетокот на војната против Украина во февруари 2022 година. Тој ги пропушти неодамнешните самити одржани во Јужна Африка за земјите од БРИКС и во Индија за членките на Г20. Според руските медиуми кои се повикуваат на неговиот советник Јуриј Ушаков, тој оваа недела ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

МКС го обвинува Путин дека е одговорен за киднапирањето и депортацијата во Русија на деца и малолетници од териториите окупирани од Русија во Украина. Москва овие случаи ги нарекува „евакуации“.

За разлика од САД и Русија, Бразил е потписник на Римскиот статут со кој е основан МКС во холандскиот град Хаг, и затоа се очекува да го почитува налогот за апсење, јави ДПА. ссм/

фото: ДПА

 

Остани поврзан