• сабота, 23 ноември 2024

Ботас ја освои пол-позиција на Гран при во Имола

Ботас ја освои пол-позиција на Гран при во Имола
Имола, 31 октомври 2020 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Емилија Ромања која ќе се одржи утре на автодромот „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. На денешните квалификации, Ботас за нецела десеттинка од секундата беше побрз од клупскиот колега Луис Хамилтон. Од вториот ред ќе тргнат Макс Верстапен од Ред Бул и Пјер Гасли од Алфа Таури. Од 5. до 10. место ќе се наредат: Даниел Рикардо од Рено, Алекс Албон од Ред Бул, Шарл Леклер од Ферари, Данил Квајт од Алфа Таури, Ландо Норис и Карлос Сајнц од Мекларен. Почетокот на трката за Големата награда на Емилија Ромања е закажан за утре во 13:10 часот. зс/

Остани поврзан