• понеделник, 23 декември 2024

Босна и Херцеговина нема да ја добие првата рата од Планот за раст на ЕУ, бидејќи не се договорила за реформската агенда

Босна и Херцеговина нема да ја добие првата рата од Планот за раст на ЕУ, бидејќи не се договорила за реформската агенда

Сараево, 18 јули 2024 (МИА) - Босна и Херцеговина нема да ја добие првата безусловна рата од предфинансирањето од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, бидејќи не е договорена реформската агенда, потврдија од Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Делегацијата објави дека на 16 јули властите на БиХ ја информирале Европската комисија дека нема политички консензус и дека не можат да го финализираат претходно доставениот нацрт текст на комплетната реформска агенда, како неопходен предуслов за учество во Планот за раст на Западен Балкан.

Делегацијата на ЕУ извести дека ЕК претходно подготвила оценка за нацрт-реформската агенда на БиХ и ги доставила своите коментари до властите во БиХ, заедно со барањето за одредени ревизии.

Од делегацијата на ЕУ велат дека првата транша од Планот за раст може да се исплати само откако Европската комисија и Босна и Херцеговина официјално ќе се договорат за реформската агенда. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан