• петок, 26 јули 2024

Борусија Дортмунд потпиша со Гираси

Борусија Дортмунд потпиша со Гираси

Дортмунд, 18 јули 2024 (МИА) - Финалистот во Лигата на шампионите Борусија Дортмунд го доби очекуваниот нов централен напаѓач во лицето на Серу Гираси. 28-годишниот фудбалер доаѓа од Штутгарт, откако „жолто-црните“ ја активираа неговата откупна клаузула од 17,5 милиони евра. Договорот е за четири сезони.

Трансферот дојде откако интернационалецот од Гвинеја во минатата сезона воодушеви со 30 гола на 30 натпревари за „швабите“.

Медицинските тестови на Гираси првично покажаа дека ќе му треба операција на коленото, што се чинеше дека ќе го прекине неговиот трансфер во Борусија. Сепак, новите прегледи вчера покажале дека сепак нема да биде потребна операција.

Од Дортмунд го потврдија проблемот, но уверуваат дека Гираси треба наскоро да се опорави и да игра во текот на летото. дс

Фото: Х/Борусија Дортмунд

Остани поврзан