Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање
- Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање.
Стенфорд, 14 мај 2024 (МИА) – Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека земјите-членки кои делуваа обединето по прашањето за украинско-руската војна, се премногу поделени кога станува збор за палестинското прашање.
Во својот говор на Институтот Хувер на Универзитетот Стенфорд, Борел рече дека е неопходно да се почне политички процес за зајакнување на палестинската администрација.
- Мораме јасно и гласно да кажеме дека постигнувањето решение за две држави е единствениот начин да се ослободиме од оваа трагедија. Колку и да е тешко, не гледам друг начин да се запре оваа трагедија која ќе остане дамка на совеста на човештвото, рече Борел. јт/
Фото: Х