• сабота, 21 декември 2024

Болидот на Ред Бул стана 20 килограми полесен во текот на сезоната 2022

Болидот на Ред Бул стана 20 килограми полесен во текот на сезоната 2022
Лондон, 14 септември 2022 (МИА) - Инженерите на Ред Бул успеаја значително да ја намалат масата на своите болидите во текот на годината. Според „Auto Motor und Sport“, болидот сега е за околу 20 кг полесен отколку на почетокот на сезоната 2022 година, што се преведува во предност од 0,6-0,7 секунди по круг. Тежината на RB18 сè уште е над минималната дозволена граница за 2-5 кг. И ривалите од Ферари исто така не ја достигнаа минималната граница од 798 килограми. Во исто време, Ред Бул се откажа од плановите за воведување на лесна шасија оваа година, како што имаше најави во август. Можеби ова е реакција на сомнежите на извршниот директор на Ферари, Матија Биното, за кршење на финансиските прописи. зс/

Остани поврзан