• петок, 08 ноември 2024

Боливија заплени 9,2 тони листови кока од Перу

Боливија заплени 9,2 тони листови кока од Перу

Ла Паз, 23 мај 2023 (МИА) - Боливија заплени 9,2 тони листови кока од Перу, соопшти боливиското Министерство за внатрешни работи, истакнувајќи дека тоа е една од најголемите заплени до сега.

При претрес на пат на Андите, полицијата пронашла вкупно 795 пакети во еден камион, соопшти министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите такви заплени.

Операцијата се случила кон средината на минатата недела, но официјално беше потврдена синоќа.

Дел Кастиљо рече дека листовите кока биле наменети за шверц на дрога и нелегална продажба на територијата на Боливија, преку која минува шверцерската рута од Перу до Бразил и други земји.

Според податоците на перуанскиот национален совет за развој и живот без дроги, плантажите со кока во Перу во 2021 година опфаќале 80.381 хектари, а 10 отсто од нив се користат легално, за џвакање и чај.

Според Обединетите нации, Перу е еден од главните производители на кока и кокаин, заедно со Колумбија и Боливија. ссм/

фото: пиксабеј

Остани поврзан