• понеделник, 23 декември 2024

Божиновска - Филипиду: Продлабочување на соработката во енергетските проекти

Божиновска - Филипиду: Продлабочување на соработката во енергетските проекти

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција Софија Филипиду и секретар за економски прашања во амбасадата во Скопје Василис Гаѕарас, на која се разговарало за продлабочување на соработката со акцент на енергетските проекти.

Во рамките на билатералната соработка меѓу двете земји, како што соопштија од Кабинетот на министерката, било потврдено задоволството од досегашната соработка на економски план.

Се разговарало за можноста од меѓусебни засилени активности и размена на експерти од областа на енергетиката и рударството кои треба да дадат значаен придонес врз проектите кои ќе ги реализираат владите на двете земји во претстојниот период.

-Навистина ми е мило што со претставниците на грчката амбасада делиме исти визии и желба за зајакнување на меѓусебните дипломатски и економски врски. Всушност, убедена сум дека само на тој начин, особено со делување на економски план, заедно може да изјдествуваме значајни придобивки кон граѓаните на двете земји, истакна Божиновска на средбата.бт/ев/

Фото: Кабинетот на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини

Остани поврзан