• среда, 27 ноември 2024

Богданка Кузеска: Нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да одговора

Богданка Кузеска: Нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да одговора
Скопје, 8 април 2021  Обидите на Христијан Мицкоски да саботира важна полициска акција за да спаси криминалци пропаднаа. Акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно, по спроведена истрага која траела подолг временски период. Нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да се соочи со одговорност. Дека Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, како што и сам кажа во еден јавно објавен разговор, и дека е против правдата, граѓаните добро го знаат. Но, кога станува збор за загрозување на полициска истрага, тоа повлекува и истрага за утврдување одговорност. Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции. Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски „имал контакти“ и бил „во тесна врска“ со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција. Само независна и транспарента истрага ќе даде одговори кој е интересот на Христијан Мицкоски што се обиде да ја саботира оваа акција на полицијата? Зошто Мицкоски бранел криминалци и има ли некакви должничко доверителски односи со нив? Јавноста, со право очекува одговори. Изјава за медиуми на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

  __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан