• среда, 27 ноември 2024

БМВ ќе произведува медицински маски

БМВ ќе произведува медицински маски
Берлин, 8 април 2020 (МИА) - Германскиот автомобилски гигант БМВ соопшти дека е подготвен да започне производство на медицински маски, изјави генералниот директор на компанијата Оливер Ципсе по средбата со баварскиот премиер Маркус Зедер во Минхен. Според Ципсе, на тој начин концернот ќе работи за надминување на глобалниот дефицит. - Наскоро ќе можеме да произведуваме неколку стотици илјади маски дневно, кои ќе се користат за заштита како на нашите вработени, така и за снабдување на општеството, нагласи директорот на БМВ. Од БМВ соопштија дека се подготвени да купат опрема неопходна за производство на заштитни маски.

Од своја страна, Зедер смета дека таквиот потег е веројатно шанса за подобрување на меѓународната конкурентност во корист на германските производители.

Автомобилскиот гигант веќе се обврзал да и испорача на Баварија 150.000 професионални маски ФФП2 за медицинскиот персонал и еден милион обични маски колку е можно поскоро.

Кон средината на минатиот месец, БМВ соопшти дека ги затвора своите фабрики во Европа и ЈАР. гт/

Остани поврзан