• сабота, 23 ноември 2024

Блумберг: ОАЕ, Сејшели и Бахреин водечки земји во светот во однос на вакцинацијата

Блумберг: ОАЕ, Сејшели и Бахреин водечки земји во светот во однос на вакцинацијата

Њујорк, 5 јули 2021 (МИА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Сејшелски Острови и Бахреин се трите земји кои водат во светот во однос на вакцинирањето на нивното население против новиот коронавирус, јави Блумберг.

Според нивните проценки, врз основа на официјални податоци и изјави, до вчера се аплицирани 15,5 милиони вакцини во ОАЕ. Ова треба да биде доволно за да се заштитат од Ковид-19,  72,3 отсто од населението во земјата, кое е околу 10 милиони луѓе.

На Сејшелите се дадени околу 138 илјади вакцини - 71,7 отсто популација од околу 100 илјади луѓе.

Во Бахреин, каде има околу 1,5 милиони жители, дадени се 2,07 милиони вакцини. Ова се претпоставува дека е доволно за да се заштитат 69,7 отсто од населението.

Според проценките на Блумберг, до 29 јуни во Русија се аплицирани 38 милиони дози вакцини, што е доволно за да се заштитат 12,9 отсто од населението.

Вкупно 3,19 милијарди вакцинирани се во 180 земји - околу 20,8 отсто од светската популација. Во богатите земји, вакцините се даваат околу 30 пати побрзо, наведува Блумберг. паг/

Остани поврзан